СПОРЕД ПОТВРДА ОД СТРАНА НА МВР ЗА ПРВ ПАТ ВО ЗЕМЈАВА СЕ СЛУЧУВА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

0
464

Од МВР засега не наведоа за кое точно училиште станува збор, но според неофицијални информации кои ги објави Телевизија Канал 5, се работи за скопското основно училиште ОУ „Петар Поп Арсов“ лоцирано во населба Карпош 4 во Општина Карпош.На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, информираат од МВР.

По пауза од две недели, денеска повторно осум училишта во главниот град на своите електронски адреси добиле дојави за поставени бомби во своите објекти.