(ВИДЕО) Шилегов: Да ставиме крај на криминалното владеење, Македонија заслужува живот

0
1169

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6
Тетово, 05.12.2016

Позади нас е пустошот од владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе 10 години.

Денеска во Тетово сме во посета на многу стопанственици и стопански објекти, којшто едвај врзуваат крај со крај заради неодговорното и криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Разговараме со управителите, разговараме со стопанстевниците, разговараме со работниците, сите тие сакаат поубав живот.

На овие избори за 5-6 дена од сега нема да се гласа за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ.

На овие избори ќе се гласа за живот во Македонија.

Ги повикуваме сите тетовчани, сите граѓани од изборна единица 6, изберете го животот во Македонија, да ставиме крај на криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Македонија заслужува живот, во Македонија го раѓаме животот. Нудиме помош за секој којшто му е потребна, нудиме помош за секоја стопанска фирма за да не ни се случува пустошот којшто е позади мене.