Николовски: Субвенциите треба навреме да се исплаќаат, а не само пред избори

0
1265

1Zemjodelec07121-670x419

Заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски вчера беше во Чешиново, Спанчево, Тркање и Грдовци, на средби со земјоделците.

-Оризот во вреќи стои во подрумот, дел и надвор. Квалитетот годинава е одличен и приносот не е лош, но што да правиме со оваа ниска цена од 18 – 20 денари? – вели Тоде Стоилов, земјоделец од Чешиново.

-Со години се жалиме на неквалитетните и скапи заштитни средства. А ѓубривата се посебен случај, како камења да фрламе, а не ѓубриво – се пожали  земјоделецот Илчо Златанов.

-Проблемот со скапото производство, а ниската откупна цена на земјоделските производи е секаде каде што одам овие денови. Истиот проблем го имаат и јаболкопроизводителите и тутунарите исто и производителите на ориз. Мора да се намалат производните трошоци, преку поефтини и поквалитетни заштитни средства и ѓубрива а задолжително да имате „зелена“, поефтина нафта како што имаат сите земјоделци од регионот. Ова се едни од главните мерки на земјоделската програма на СДСМ, заедно со сигурниот откуп, повисоките и редовни субвенции и инвестициите во системите за наводување –потенцираше Николовски.

Тој додаде дека особено ќе се залага земјоделците да не бидат уценувани од трговците и откупувачите бидејќи државата има механизми како да помогне и да го регулира пазарот.

-Согласно Законот за земјоделство и рурален развој и сега на предлог на министерот може да се изврши интревентен откуп на ориз преку стоковите резерви, со што ќе се релаксира пазарот и нема да се дозволи цената на оризот да падне толку ниско – изјави Николовски.

3Zemjodelec0712

-Јас ги имам сите документи, сите уплатници, а не ми исплаќаат субвенции. Не знам која е причината, а вакви како мене има многу во селото – вели земјоделец од село Тркање.

Николовски рече дека неговата прва работа која што ја направил во министерството е токму контролата во делот на исплатата на земјоделските субвенции.

-Побарав од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој извештај за тоа  колку субвенции досега има исплатено. Но и првата моја  реакција беше јавно да повикам да се исплатат веднаш субвенциите за 2015 година. Манипулациите на Груевски со парите на земјоделците мора да престанат. Субвенциите се државна мерка а не партиска и тие им следуваат со закон на земјоделските производители и затоа треба навреме да се исплаќаат, а не само пред избори, како што тоа го прави Груевски – изјави Николовски.

4Zemjodelec0712

-Апелираме до Водостопанското претпријатие сега да почне со чистење на каналите, кога нема активност во оризниците, а не напролет па да се доведува во прашање почетокот на сеидбата – рече тој.