МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО СПОРТОТ ЗА ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ НА МЛАДИТЕ

0
1232
Почитувани,
„Денеска остваривме средба со дел од кумановските спортски легенди и
луѓето кои својот работен век го имаат потрошено во развојот на спортот
и сите спортски активности. Разговаравме на поголем број на теми.
Концептот „За наше Куманово“ има намера да продолжи да инвестира во
спортот и спортските активности со единствена цел да се дадат поголеми
можности на младите луѓе за соодветен раст и развој“, потенцираше
независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим
Димитриевски по средбата со кумановските спортски легенди.
Тој изјави дека во општина Куманово се изградени 13 нови спортски
игралишта, но трендот е да продолжи вложувањето со нови средства и
целосно да се затвори проектот реконструкција на локалитетот Соколана,
која што веќе едната фаза е завршена, а во втора фаза е решавање на
кровот, прозорците, вратите.
„Дополнително, се работи на кровот на спортската сала, внатрешно
партерно уредување, санитарни јазли, ладење и греење. Нема да го
оставиме и градскиот стадион, ќе го реконструираме во неколку фази. Во
оваа прилика сакам да истакнам дека Куманово е лидер во државата и
регионот во изградба на спортски капацитети. Нашата цел е секоја урбана
заедница во градот да добие свое современо детско урбано и спортско
катче. Ќе продолжиме да инвестираме на локалитет Спомен Костурница“,
истакна Димитриевски.