СДСМ : КАЕВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТ НА ЕВРОПА

0
386

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, повторно е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа. Претходно, Каевски на оваа позиција беше избран минатата година.

Собранието е клучен партнер во борбата за подемократски општества и адресирањето на горливите проблеми поврзани со човековите права. Повторниот избор на Каевски е успех за СДСМ, но и успех за македонската дипломатија.