ЛУКАРЕВСКА : ПОВЕЌЕ ПАРИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ Е ПОСТУЛАТ И ВО НОВАТА ПРОГРАМА НА СДСМ

0
190

СДСМ е државотворна партија која носела одлуки за доброто на државата на сметка на својот рејтинг и во иднина ќе продолжиме да работиме на повеќе столбови, кои ќе бидат основата на нашата порграма, на повеќе столбови кошто сме ги докажале, затоа што ние сме се бореле да ги враќаме парите назад кај граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Алсат телевизија.

Лукаревска ги издвои мерките Мој ДДВ, г огормен број пакети антикризни мерки, огромен број пакети, со кои е помогнато на различни целни групи.

Истовремено сме ја вратиле слободата и демокраријата, истовремено сме овозможиле и други соодветни принципи на функционирање и сме овозможиле да градиме едно општество за сите во оваа држава. Тоа беа постулатите и секако дека на истите постулати ќе ја темелиме и нашата идна програма, рече Лукаревска, додавајќи дека фактите и бројките се на страната на СДСМ.

Заменик претседателаката на СДСМ Сања Лукаревска истакна дека главните анкети се на денот на изборите, на крајот ќе одлучат граѓаните, многу пати се случувало одредена партија да има многу висок рејтинг на одредени анкети, а во реалноста, на денот на изборите да биде сосема поинаку.

Бевме исправени пред бројни предизвици, се соочивме со огромен број на проблеми, но секој пат сме размислувале што би сакале граѓаните за подобро да живеат и врз основа на тоа сме ја темелеле и нашата предизборна програма и во 2016 и во 2020 која ја работевме исклучиво адапритана на корона услови и оваа сега која јас и мојот тим ја имаме во завршна фаза, ја срочуваме исклучиво за дбори економски мерки, меѓутоа и за една успешна меѓународна перспектива на нашата држава, рече Лукаревска.

Не велам дека не сме имале одредени грешки во изминатото владеење, дека имаме направено одредени пропусти, но сепак мислам дека сме надобрата опција во моментов и за граѓаните и за државата, порача заменик претседателаката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Алсат телевизија.