ИГРАЛЕ ЗАЕДНО ВО КАЗИНО ВО КАПИШТЕЦ, ПА ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ И ГО УБИЛ

0
846

Оградено со полициски ленти е утрово казиното во скопски Капиштец каде двајца познаници играле на апаратите, а едно лице пукало во друго и го убило.

„Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул.„М.Т. Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Жителите од околните згради во густо населениот Капиштец се вознемирени откако слушнале гласни звуци и истрели.