СДСМ : ДПМНЕ ФАТЕНИ ВО ЛАГА, ДАЛИ ГИ ФАЛСИФИКУВАА ПОТПИСИТЕ ЗА СИЛЈАНОВСКА?

0
225
Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка,  Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа?
Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа.
Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.
Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани,  а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.
Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните.
Во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги.
На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов.
Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.