ЛУКАРЕВСКА ОД БИТОЛА : ПОДАДОВМЕ РАКА ЗА ДИЈАЛОГ, НА ОПОЗИЦИЈАТА Е ДА ПОКАЖЕ ДАЛИ Е ЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ

0
663

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше меѓу граѓаните на Битола.

Лукаревска пред присутните порача дека државата сега има историска шанса да заокружи уште една стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ и ги повика сите политички субјекти на одлучност и одговорност пред граѓаните и државата.

-Подадовме рака за дијалог, СДСМ покажа државнички капацитет. Сега на опозицијата е да избере, дали ќе се остане на ставот и да покажат дека навистина се за интеграција во ЕУ. Се друго е калкулација. Или сте одговорни кон иднината на земјата или не сте, нема средина тука. Откако ДПМНЕ сменија став, не се против уставни измени, прифаќаат учество во заедничка Влада, признаваат легитимитет на Собранието, треба да останат на овој став и дијалогот да продолжи. Мицкоски можеби ја има последната шанса да направи нешто добро за земјата, порача Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ додаде дека како никогаш претходно сега државата има силна и јасна меѓународна поддршка за членство во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет, а последен доказ за тоа е Резолуцијата усвоена во германскиот Бундестаг.

– СДСМ успеа да го зацврсти и дополнително да го афирмира македонскиот јазик и идентитет. Резолуцијата на германскиот Бундестаг е потврда за тоа. Добивме силна поддршка за европскиот пат на земјава и признавање на македонскиот јазик и идентитет од една од најголемите земји во Унијата. Очекувам вакви силни пораки со поддршка и признание да пристигнат и од други наши пријателски земји, додаде заменик претседателката Сања Лукаревска денеска во Битола