ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ : ПО НАШЕ БАРАЊЕ ОД НАПРАВЕН ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО КОНФЕКЦИЈАТА ,,КУЛИ” ОД ПРИЛЕП НАЈДЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ НЕДОСТАТОЦИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ФИРМАТА КАКО И ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС НА ОКОЛУ 120 ВРАБОТЕНИ!

0
1100

Почитувани работници и работнички,

🤝✊️По барање на ЗЗРП Гласен Текстилец, беше направен вонреден инспекциски надзор во конфекција КУЛИ од Прилеп, во која беа најдени повеќе недостатоци во работењето на фирмата и прекршувања на правата од работен однос на околу 120 вработени.

‼️Имено, во одговорот од раководителката на Државен инспекторат за труд, Славица Мијајлеска, утврдено е дека на работниците не им се овозможени трансформации на работниот однос на неопределено иако огромен број од работниците се одамна вработени и се стекнале со трансформација на неопределено работно време.

⛔️👉Не им е овозможен во целост законски загарантираниот годишен одмор и не им се издаваат листови за плата.

‼️👉Исто, има еднаква плата за сите вработени, односно, исплатена е законски гарантираната минимална плата, но нема останати додатоци и надоместоци од плата (прекувремена, работа на празник, минат труд).

‼️👉Во врска со регресот за годишен одмор, односно К15, исплатен е на рати во месеците 9,10, 11 и 12 месец 2022 година.

👉👷‍♂️👷‍♀️За истите прекршувања, ќе продолжат контролите и надзорите во конфекцијата, дадени се рокови за отстранување на неправилностите, но ги замолуваме вработените таму да бидат во контакт со нас, се со цел да бидат запознаени инспекторите за останати неправилности и прекувремена работа дали соодветно е пријавена, дали се плаќа и слично.

⚠️👉Апел до работниците да известуваат до здружението преку нашата фб страна и телефонски броеви за да бидеме ефикасни во заштитата на нивните работнички права.

🤝Ова е уште една позитивна соработка меѓу Државен трудов инспекторат и Гласен Текстилец, особено бидејќи станува збор за фирма за која имавме претходни сознанија за неправилности во работењето.

Фејсбук статус на ,,ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ”.