СПАСОВСКИ : СО КОЛЕШКАТА КАРИН КЕЛЕР-СУТЕР ВО БЕРН ПОТПИШАВМЕ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВО ЗА МИГРАЦИЈА

0
368

Со мојата колешка, Карин Келер-Сутер во Берн потпишавме Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација за воспоставување на партнерство за миграција.

Во изјава за швајцарските медиуми истакнав дека склучувањето на овој Меморандум ќе придонесе за унапредување, продлабочување и проширување на дијалогот во областа на миграцијата, особено со оглед на фактот што тој нуди можност за воспоставување на редовен и постојан дијалог и заеднички процес за зајакнување на соработката во областа на миграцијата, односно управувањето со миграциските текови, реадмисија, помош при враќање и реинтеграција, превенција на нелегалната миграција, борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе, соработка во областа на едукација и обука, односи со дијаспората и интеграција и уште неколку други области релевантни за градење капацитети во менаџирањето на миграцијата и движењето на населението помеѓу двете земји.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.