ВО ФРАНЦИЈА ЌЕ ИМА ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2022: ПРЕГОВАРАЧОТ ЗА БРЕКСИТ, БАРНИЕ НАЈАВИ СВОЈА КАНДИДАТУРА ПРОТИВ ЕМАНУЕЛ МАКРОН

0
837

Мишел Барние, преговарачот на ЕУ за Брексит, објави дека сака да се кандидира на претседателските избори во Франција следната година.

“Во овие тешки времиња ја донесов одлуката и решен сум да застанам и да бидам претседател на Франција што е помирена, што ги почитува Французите и Франција што е почитувана” – рече Барние.

Мишел Барние два пати беше еврокомесар но и министерски позиции во различни ресори во текот на неговата долга политичка кариера во Франција.