МИХАИЛОВСКИ : СО МЕРКАТА „МЛАДИНСКИ ДОДАТОК“ СДСМ ОБЕЗБЕДИ 3.000 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ ВО ЏЕБОТ НА МЛАДИТЕ

0
265

Изјава за медиуми, Марко Михаиловски, претседател на СДММ.

Почитувани,

Растот на платите кои СДСМ ги обезбедува во континуитет се значајни за сите работници, но и особено за младите.

Со мерката „Младински додаток“, којашто ја воведе СДСМ, се обезбедува дополнителен приход од 3.000 денари за младите до 23 години вработени во производство.

Оваа мерка досега ја искористиле 13.000 млади лица. Тоа значи дека тие имаат 50 евра плус во нивниот месечен буџет со оглед на тоа дека работат во производство.

Подобри и подобро платени работни места директно влијаат на подобрување на стандардот на младите и создаваат клима во која платите растат во сите сектори.

За младите е особено важно што овие мерки ги воведовме во дијалог со младите а оваа мерка значајно влијае и врз севкупниот економски развој.

СДСМ е на страната на младите и така ќе продолжиме

СДСМ обезбедува подобро платени места за младите и повисок младински стандард. Со СДСМ младите добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите.