РСЕ: Меѓународната нема да поддржи избори на 24 април ако до крајот на неделава нема напредок

0
1102

Ако до крајот на неделава не се постигне политички договор во работните групи во делот за медиумските реформи и не се покаже вистински напредок во досега договореното, високи дипломатски извори за Радио Слободна Европа велат дека меѓународната заедница нема да даде поддршка за оддржување на изборите на 24 април.

Последните случувања околу кривичните пријави кои ги поднесе Специјалното јавно обвинителство за изборни манипулации покажуваат дека избирачкиот список се наоѓа во многу лоша состојба. Јавната обвинителка Фатиме Фетаи соопшти дека во истрагата е утврдено дека некои лица се фотографирани во еден град, а лична карта добиле во друг град, а се вметнати во избирачкиот список. Откриени се и сомнителни 15 илјади матични броеви и 60 илјади државјанства, а неподигнати биле 35 илјади сомнителни лични карти.

Ваквата сенка што ја фрла СЈО како и пробивањето на роковите за делумна теренска проверка на избирачкиот список, нерешените проблеми околу медуимското известување кое засега е само декларативно како балансирано и професионално влијаат врз договорениот датум за избори на 24 април велат експертите.