ЛУКАРЕВСКА ЗА ТВ 21 : ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ЌЕ ЈА ИЗВОЈУВА ПОБЕДАТА ВО ПРЕСРЕТ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА

0
192
Денеска видовме дека внатре во македонското Собрание имавме пратеници кои не гласаа а присуствуваа во салата, тоа е еден политички феномен. Слушаме дека немаме потреба од таа техничка влада токму од оние кои беа причина за да се направи таа техничка Влада по еден пржински терк. Kрајно несоодветно e ова однесување на ДПМНЕ, да имате свои министри во техничка Влада а да не ги гласате, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Отворено студио на ТВ 21.
-Џафери беше член на владата на ДПМНЕ во 2013 година како министер за одбрана. Треба да потсетуваме како беше претходно а како е сега и што се случувало претходно заради вакви небулозни изјави како денешните., додаде Лукаревска.
Не смее ниту еден политичар да си дозволи да ги дели граѓаните по некоја основа, верска, национална или етничка, додаде таа.
-Меѓу основните постулати на СДСМ во 2020 година го имавме едно општество за сите, не само за националноста туку и за родови прашања, за младински прашања и нивно позиционирање, за сите теми кои значат почитување на различностите во секој сегменти. Тој постулат ќе го задржиме и во новата победничка програма, рече Лукаревска.
Ме радува тоа што оовеќе политички партии не обединува европската идеја, тоа е европскиот фронт, којшто основоположник е СДСМ. Се прават последните анализи и согледувања дали ќе одиме со заеднички листи, но каква и да биде одлуката европскиот фронт ќе биде победник на изборите, додаде Лукаревска.
-Знам дека европскиот фронт ќе ја извојува победата. Очекувам европскиот фронт да има голем број на пратеници. СДСМ на чело на тој европски фронт ќе овозможи да бидеме дел од ЕУ до 2030 година. Нема поубава и поцврста симболика од 8 ми мај во пресерет на Денот на Европа, 9 ти мај, рече Лукаревска.
Разликата ќе биде евидентна. Ќе продолжиме напред и да ја искористиме шансата пред државата да ја трасираме на европскиот воз. Од друга страна гледаме дека има една партија која сака да не врати назад во едно режимско време од кое едвај спасивме жива глава, потецнираше таа.
-За каква трансформација зборува ДПМНЕ? Да имаме повторно  режим, 27 април, тепање во Собрание, носење на Буџет со влечење и бркање на пратеници, да имаме пак пиштење вриштење? Сега слушаме дека кубење на коси ќе биде новиот напреден систем.  Тоа не носи иднина за нашата земја и тој концепт на ДПМНЕ ќе биде поразен на парламентарните избори, додаде заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.