ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА, ИЏЕТ МЕМЕТИ И ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ – ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ПРЕД КОЈА ПОЛАГАЛЕ СПОРНИТЕ ПРАВНИЦИ

0
867

Поранешната претседателка на Кривичниот и Врховниот суд, Лидија Неделкова, тогашниот Народен правобраните, Иџет Мемети, како и поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски биле дел од членовите на Комисијата за правосуден испит во 2015 година при Минстерството за правда, кога со спорни уверенија од Универзитетот на Југоситочна Европа на студенти им било дозволено да полагаат правосуден испит предвреме.„Фокус“ испрати барање по слободен пристап за информации до Министерството за правда кои биле членови на Комисијата пред која кандидатите тогаш полагале правосуден испит.Според информациите од Министерството за правда, тогашниот министер, Аднан Јашари давал „пас“ предвреме да се полага правосуден испит, а членовите на Комисијата пред која полагале кандидатите била избрана на предлог на Министерот.

-Членови на испитната комисија за правосуден испит во 2015 година при Министерството за правда биле:Лидија неделкова – претседател на Комисија и испитувач по предметот материјално и процесно кривично правоИџет Мемети член и испитувач по предметот уставно и управно право Фаик Арслани член и испитувач по предметот материјално и процесно граѓанско правоЈово Вангеловски – член и испитувач по предметот стопанско право Николчо Николовски – член и испитувач по предметот трудово право Александар Алексовски – Секретар на испитната комисија, се вели во одговорот од Министерството за правда.

Претседателката на оваа Комисија, Лидија Неделкова беше претедателка на Кривичниот суд, во време на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа стана и претседател на Врховниот суд. Во 2021 година Судскиот совет ја разреши Неделкова која тогаш беше врховен судија, порад ненавремено и несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловни, односно Кодекс за судска етика.Таа се тужеше со својот колега Јово Вангеловски, а за своето разрешување се жалеше пред Европскиот суд, којшто ја прифати нејзината жалба.

Иџет Мемети два мандати, односно осум години беше Народен правобранител, а по завршувањето на оваа функција веднаш се „вдоми“ и стана член на Советот на јавни обвинители. „Фокус“ пишуваше за деспотскиот однос на Мемети на којшто се жалеа вработени во институцијата, но и за сомненијата за злоупотреба кои се истражуваа, но досега не добија епилог.Јово Вангеловски беше претседател на Врховниот суд, и неговиот глас исто така се слушаше во „бомбите“, односно се слушаше како комуницира со тогашни министри. Исто така му се судеше за злоупотреба на службената положба и овластувања, но е осуден условно доколку во наредните четири години не стори кривично дело.

Фаик Арслани е судија во Врховниот суд, а одреден период беше и В.Д. претседател. Николчо Николовски исто така е судија во Врховен суд, беше и претседател на највисокиот суд, но и претседател на Здружението на судии.Всушност сите од членовите, освен Мемети се поврзани со Врховниот суд.Антикорупциската комисија утврди дека синот на собранискиот спикер, Талат Џафери како и над 400 студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа добиле спорни уверенија за завршени правни студии, а на синот на Џафери му било дозволено да полага предвреме правосуден испит. Не се знае на колку од спорните студенти им било дозволено предвремено полагање на правосудниот испит.