ИСПРАТЕНО ПИСМО СО ЗАКАНА ПО ЖИВОТ НА ЈО ЈОВЕСКИ : ЌЕ ТЕ УБИЕМЕ АКО НЕ ГИ ОСЛОБОДИШ НОВИНАРИТЕ НА АЛФА, САМО ГО ЧЕКАМЕ ТОЈ МОМЕНТ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕМЕ ЖИВОТОТ

0
621

Ќе те убиеме многу брзо ако не ги ослободиш alfa новинарите, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Вакви закани преку препорачана пратка вчера добил републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Пратката, како што соопштуваат од обвинителството, била пратена од Пошта Битола на 17 јануари, а двете писма што му стигнале се напишани на македонски и на англиски јазик.

-Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување, соопштуваат од Обвинителството.

-Љубомир Јовески ослободете ги веднаш од сите обвиненија Алфа новинарите бидејќи се невини за какво било злосторство или ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој момент за да ви го одземеме животот. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа, се вели во писмото.

Сепак, Јавниот обвинител порачува дека се залудни ваквите закани и дека нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.