ЛЕВИЦА ПРИЛЕП : НОВА ПРИЈАВА ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ФАБРИКАТА ГЕНТЕРМ ВО ПРИЛЕП

0
469

📃Деновиве, по неколкуте анонимни дојави за наводни прекршувања на работничките права, Левица-Прилеп поднесе нова Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор во прилепската фабрика Гентерм, дел од ТИРЗ зоната.

❗Најголем дел од пријавите се засноваа на слободните денови кои на работниците им следуваат по закон, но менаџментот не им ги дозволува.

📢-“Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена”.

📃Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време.

📢-“Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:

-за склучување на брак 3 дена
-за склучување брак на дете 2 дена
-за раѓање или посвојување дете 2 дена
-за смрт на сопружник или дете 5 дена
-за смрт на родител, брат, сестра 2 дена
-за смрт на родител на сопружник 2 дена
-за смрт на дедо или баба 1 ден
-за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена
-за елементарни непогоди до 3 дена”.
📃Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот, без оглед на барањето на процесот на работа.

❗До сега, во фабриката немало проблем окулу овие слободни денови, но сега според пријавите, почнале да им бараат доказ за регистрација, и во случај ако документот е стар неколку месеци, не го прифаќале, има реакција од работниците.

#Левица

Фејсбук статус на политичката партија ,,Левица” при локален огранок Прилеп.