ВМРО-вските здруженија побараа амнестија за Грујче и Груевци кај Хорхе : ХОРХЕ ДАЈ БЕ НЕ БИДИ ПЕДЕР И АМНЕСТИРАЈ ГИ ГРУЕВЦИ ЗА ИСТОРИСКАТА НАРОДНА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ И ЗА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО НА 27-МИ АПРИЛ, ИСТО КАКО ШТО СЕ АМНЕСТИРАА ТЕРОРИСТИТЕ ВО 2001/2002-РА!!!

0
1680

Имајќи предвид дека сите се еднакви пред Уставот и законите, бараме во согласност со законот, да извршите аболиција на сите кои се во притвор, осудени и под истрага во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава. Вакво барање потпишано од неколку македонски патриотски здруженија вчера беше испратено до кабинетот на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

„Република Македонија изврши амнестија на припадниците на терористичката организација ОНА за време на војната во 2001 година, кои, за жал, станаа дел од државната и локалната власт и администрација. Република Македонија изврши и аболиција на носители на јавни функции поради сомневање на Специјалното јавно обвинителсто дека извршиле кривични дела“, потсетуваат потписниците на ова барање за аболиција на притворените, осудените и лицата кои се под истрага во врска со настаните во Собранието на 27 април.

Во барањето се вели дека за жал мирните протести на За заедничка Македонија на 27 април  преминаа во насилни поради провокацијата од собраниската сала кога се испеала албанската химна. „Насилно беше формирано парламентарно мнозинство и неуставно и незаконски беше извршена симулација за избор на претседател на Собранието, беше извршен државен удар врз демократијата во Македонија.

Заради одбрана на честа и достоинството на татковината и нацијата и на демократијата во Македонија, дел од учесниците на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија влегоа во Собранието. Настаните што следеа отпосле предизвикаа процесуирање на приведувања, истраги и пресуди против присутните во Собранието на 27 април“, пишува во барањето за аболиција испратено вчера до претседателот Иванов.

Извор : МКД