ЛАТАС СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ РЕКОЛ ДЕКА СИЛУВА ТУКУ ДЕКА ТОА МУ ГО ИЗМИСЛИЛЕ “ХЕЛСИНШКИ И СОРОСОИДИ”

0
616

Исповедта на Латас предизвика револт и вознемиреност кај корисниците на социјалните мрежи, повици до инстируциите да реагираат, особено кај активистите за права на жените и борба против семејното насилство.Хелсиншкиот комитет објавеното интервју од јутјуберот Лазаров, каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале девојка го оцени како колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.

Со реакција се јави и самиот Павловиќ кој во реакциите видел желба за негово оцрнување од страна на “соросоиди”.

-Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола – вели Павловиќ.Тој додава дека тоа може да се види од самото видео, кое го има на мрежата Јутјуб.