ПОВРЕДЕНИТЕ ОД АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА: ДВЕ ЛИЦА ОД НИВ ТРЕБА ДА БИДАТ ОПЕРИРАНИ ДЕНЕС

0
940

Проф. д-р Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во Бугарија денеска изјави дека сите повредени пациенти се во добра здравствена состојба.

“Сите пациенти се во стабилна состојба, на сите на кои требаше им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска” – рече д-р Аргирова.
Едно лице кое треба да биде оперирано е со изгореници на рацете, а на друга девојка треба да ѝ биде извршена операција на десното колено.

Еден од пациентите се наоѓа во тешок психички шок и веќе обезбедена е психолошка поддршка.