ЛАВРОВ : АМЕРИКАНЦИТЕ НИ РЕКОА ДЕКА НЕ БИЛЕ ВКЛУЧЕНИ ВО БУНТОТ НА ВАГНЕР

0
813

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека руските власти истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во саботниот бунт на платениците на Вагнер.Лавров додаде дека разговарал со американскиот амбасадор во Москва, кој му рекол дека САД не се вклучени во вооружениот бунт на платениците.

Како што јави руската државна новинска агенција ТАСС, Лавров додаде дека САД се надеваат на безбедноста на рускиот нуклеарен арсенал.
Тој го цитираше и американскиот амбасадор кој рекол дека саботниот бунт на платениците на Вагнер е внатрешно прашање на Русија.