СИМЕОНОВ : НОВИ ЛЕКОВИ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА ЗА ГРАЃАНИТЕ, ДА СЕ ИЗГРАДИ КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП И СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ ЗА МЛАДИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

0
71

Конечно треба да се отвори позитивната листа на лекови и да се ревидира, затоа што со години не е направено тоа, има современи модерни лекарства кои секоја година треба да бидат на позитивната листа, изјави д-р Ристо Симеонов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“  во дневникот на Сител.

Симеонов истакна дека сите лекови на позитивна листа треба да бидат бесплатни за граѓаните, на годишно ниво државната каса ја чини 440 милиони денари или 7 милиони евра, која граѓаните ја плаќаат за партиципација, затоа што граѓани особено пензионерите зошто да даваат пари за лек кој треба да им следи бесплатни.

Во врска со младите специјализанти Симеонов изјави дека решението треба да биде системско, да бидат вработени на неопределено, а позади секоја специјализација да стои здравствена институција, државата мора да инвестира во младите доктори, тие се иднината на македонското здравство.

Младите доктори  само ги залажуваат, со 26.000 денари плата, 10.000 треба да платат за специјализација, а со останатите 16.000 да купат книги за учење, да се едуцираат, да одат на работа и да го поминат месецот, а сите се во животен циклус на формирање семејства. Како со 16.000 денари да го направат тоа? – вели Симеонов.

Симеонов истакна дека треба да се инвестира во примарното здравство, тоа да биде столбот на здравствениот систем, да се покачи капитацијата на бодот, да се даваат грантови од државата за доктори кои ќе отворат ординации во рурални средини, превенцијата да се одвива преку примарното, да има скрининг програми.

– Цело здравство е во Скопје, 90% од пациентите се лекуваат во Скопје, затоа потребна е регионализација, Клиничката болница во Штип да се заврши и Штип да биде регионален здравствен центар за Источна Македонија.  Ние прво треба да ги решиме проблемите кои ги имаме, тоа се корупција, неефикасност, отсуство на одговорност и да функционираме функционален здравствен систем, рече Симеонов.