СИЛЈАНОВСКА : ВРЕМЕ Е ЗА ЧЕТВРТИ ИЛИНДЕН И ЗА ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА

0
71

Денешната кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката професор д-р Гордана Силјановска Давкова заврши со митинг во Кочани.

Она што особено ме вознемирува деновиве е свеста дека ќе славиме 80 години од АСНОМ, вториот Илинден. Гордоста како во химната сме ја заслужувале и зајакнувале со битката за правдините. Така беше со Крушевската Република, со партизаните и АСНОМ, така беше и во 1991 година, говореше Давкова.

Мислам дека е време за четврт Илинден, за четврта Македонска Република. Република од народот и за народот. Република со стандарди во сите области со стручна и компетентна администрација. Македонија каде на вистински места да дојдат најдобрите и најумните а не да заминуваат. Пристојна, досадна држава. Само така ќе не почитуваат, говореше во својот говор професорката Силјановска Давкова.