Катица Јанева: Се обидуваат да ја интерпретираат нашата работа, зависно од нивните интереси

0
1380

Се обидуваат да ја интерпретираат нашата работа, во зависност од нивните интереси- ое одговорот  на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 24вести, по низата критики на нејзина сметка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, дека Јанева одработувала за СДСМ и опозицијата, со барањето да се ослободи од притвор ексразузнавачот Верушевски.

Обвинителката уште еднаш апелира сите субјекти да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на Специјалното  обвинителството, кое ќе  гони осомничени за криминали, поврзани и произлезени од содржината на прислушувањето.
Бевме свесни дека нашата работа нема да биде имуна на критики и дека различни субјекти ќе се обидуваат да ја интерпретираат работата на ова Јавно обвинителство ,зависно од нивните интереси.
Ја уверуваме јавноста дека ова Јавно обвинителство постапува професионално, почитувајќи ги законските прописи, при што во предвид се зема и домашната и меѓународна судска пракса, така што изнесените обвинувања се крајно неосновани. – вели Јанева во дописот до 24 Вести.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека тие повеќе не веруваат во објективноста и професионалноста на Специјалното обвнителство и секоја постапка на Јанева , како што рекоа, ќе ја земаат со резерва, бидејќи според нив таа е експозитура на Заев.