КОВАЧЕВСКИ : НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА ИДНИНА, ИМАМЕ ВИЗИЈА И ЈАСЕН ПЛАН ЗА МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ

0
61
Ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Тоа е почитувани граѓани прашањето на овие избори. И на претседателските и на парламентарните избори. Кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија? Со кого е можен напредок и членство во ЕУ а со кого е можно само враќање назад во минатото? Надеж за подобра европска иднина со СДСМ и коалицијата за европска иднина и надеж со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО –  ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова – рече Ковачевски на граѓанскиот собир
Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите – истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.