ЗЛАТЕСКА : СДС СО ОБЕЗБЕДЕНИ ПАРИ ОД 2017 НЕ ГО ПРАВИ МОСТОТ КОЈШТО САМИТЕ ГО ОЦЕНИЈА КАКО НЕБЕЗБЕДЕН

0
226

Пресконференција на Бисера Златеска, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Македонски Брод.

Почитувани,
Позади мене се наоѓа мостот во Македонски Брод, кој е дел од регионалниот пат и ги поврзува Кичево и Прилеп.
Како што може да забележите, мостот е во лоша состојба, за што истото го констатираше и СДС во 2017та година, го стави во нивната програма и го нарече НЕБЕЗБЕДЕН за пешаци и беше клучен проект за Македонски Брод со ветено санирање и проширување до 2019та година.
Покрај за пешаци, под име БЕЗБЕДЕН МОСТ НА ТРЕСКА за поврзување на двете страни на градот, ветуваа и дел за велосипеди.
Ако и самите не веруваат, може да си проверат.
Почитувани,
Денес е 13ти март, 2024та година. Од овој проект не видовме буквално ништо!
Согласно Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта за 2021ва година се одвоени средства за изработка на проектна документација и реконструкција на градскиот мост во Македонски Брод.
ПРАШУВАМЕ КАДЕ ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ?
Зошто СДС и ДУИ ги стопираа или пренасочија овие одобрени средства? Каде е исполнувањето на ова ветување? Каде е велосипедската патека, а каде е безбедниот мост за пешаци?
Ние сеуште чекориме по истиот мост за кој СДС кажа дека не е безбеден и каде со прст не мрдна за нешто да сработи.
СДС и ДУИ не заслужуваат никаква доверба од граѓаните на Македонски Брод. Мостот е само едно од низата неостварени проекти нс СДС.
ВРЕМЕ Е ДА НАПРАВИМЕ ИЗБОР! ИЛИ ХАОС ИЛИ РЕД!
НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛОШО! ВАЖНО Е ДА ГИ ПОРАЗИМЕ!