КУРТИ СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО ЗЕЛЕНСКИ, А МЕНЕ КАКО ПУТИН – ВУЧИЌ СЕ ОБРАТИ ОТКАКО КФОР ОДБИ СРПСКАТА ВОЈСКА ДА СЕ ВРАТИ НА КОСОВО

0
401

Очекувам голем притисок… Очекувам поголем притисок поради санкциите против Руската Федерација. Ако сакате да скротите волк, сум видел слон и тигар во циркус, но не и волк, изјави Вучиќ.Албин Курти пред странците се прикажува како да е украинскиот претседател Володимир Зеленски кој е во војна со Путин, смета српскиот претседател Александар Вучиќ кој денес се обрати пред народот откако КФОР го одби барањето српската војска да се врати на Косово и Метохија, јавува Б92.

– На Курти добро му тргна да се претставува себеси како Зеленски, а мене како Путин, но проблемот за мене е што тој навистина не може да објасни чија земја сме ја нападнале. Ние не сме на ничија земја, но тие се на наша. Ние имаме своја политика која не е ниту руска, ниту германска, ниту американска, ниту албанска. Ние сме на европски пат, но се грижиме за нашата земја – изјави Вучиќ и додаде:–  Очекувам голем притисок… Очекувам поголем притисок поради санкциите против Руската Федерација. Ако сакате да скротите волк, сум видел слон и тигар во циркус, но не и волк.Повлекувањето на српската војска и на барикадите во Косово предизвика гнев кај Србите во Косово кои денеска протестираа во северниот дел на Митровица. Тие го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство”, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење”, јави БЕТА.