Нови двајца ГДОМЦИ си добија награда за пушењето на Грујовиот патлак!

0
1444

Собраниската Комисија за избори и именувања вчера во отсуство на опозицијата ги утврди имињата на новите членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Тони Науноски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананаиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу се имињата за кои владејачкото мнозинство даде поддршка, а за кои опозицијата обвини дека се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се барало место каде да се вдомат, јавува Утрински весник.

ekspertmrtt-480x270

Членовите на Комисијата од СДСМ запрашаа зошто до нив во последен момент се доставени биографиите на само седум кандидати, а не и на преостанатите четириесетина за да можат да споредат и да ги изберат најдобрите. „Се’ што е под капата на ВМРО-ДПМНЕ сакате да го вдомите. Зошто не ни ги дадете сите пријави, па како комисија да ги избереме најдобрите. Да не зборувам што во самата Комисија за заштита од дискриминација ги дискриминирате жените и од седум места избирате само една жена“, забележа Благоја Стојановски од СДСМ.

Повеќе ОВДЕ(