(ФОТО) Повторно поплава во Стајковци, реки течат по улиците!

0
1425

На социјалните мрежи се споделува фотографија направена некаде по 11 часот денеска во Стајковци, каде дождот кој врне цело утро во Скопје предизвикува проблеми и ги поплавува улиците.

Жителите на овој регион се уште не се во целост обештетени за големата поплава од август, а не е завршена ниту реконструкцијата на инфраструктурата иако власта дополнително се задолжи за 36 милиони евра.

Граѓаните стравуваат од што ќе се случи ако дождот продолжи и понатаму да врне.