КОВАЧЕВСКИ : ОД УТРЕ ИСПЛАТА НА ЈАНУАРСКАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ОД МАРТ УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

0
516

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и со претставници на Сојузот.

Премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска ја остварија средбата во Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да ги потврдат определбите на Владата за конкретна и постојана грижа за стандардот на пензионерите.

На состанокот заеднички е констатирано дека е од голема помош поддршката од Владата на пензионерите, преку усвојувањето на новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки.