(ВИДЕО) АНГЕЛОВСКИ: НОРМАЛНО Е ОПОЗИЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ ДА КРИТИКУВА, НАШЕ Е ДА СРАБОТИМЕ ШТО СМЕ ВЕТИЛЕ, ЗА ЈАНЧЕВ ГЛАСАА ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ГЛАСАЧИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

0
716

Секретарот на ОК на ВМРО-ДПМЕ Кавадарци Гоце Ангеловски во своето гостување во вестите на КТВ изјави дека за него е несфатливо тоа што пред само 100 дена од СДСМ ги поддржувале нивните проекти а сега, како што вели тој, тие ја менуваат тактиката.

-Тие продолжуваат со континуирани и неаргументирани напади врз работењето на локалната самоуправа и на градоначалникот, меѓутоа наше е да работиме, обврска на градоначалникот и на советниците е да работат за доброто на граѓаните и да ги реализираат сите проекти кои се во програмата а на тие ниски удари и ниски страсти ние нема да одговорите вели Ангеловски.

Тој додава дека нема да има никаква осветољубивост кон кадрите на СДСМ и дека апсолутното мнозинство не им дава за право да се опуштаат.

-Изборите и народот се оние кои одлучуваат кој ќе биде на одредена позиција и ќе го води градот, вели Ангеловски.