СДСМ БИТОЛА : НАМЕСТО ДА СНИМА СКЕЧЕВИ, СОВЕТНИКОТ НА ДПМНЕ, ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВСКИ ДА ПРОШЕТА НИЗ БИТОЛА И ДА ГИ МАРКИРА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ!

0
666
Каде е Планинарскиот дом Копанки што ќе го градеше Коњановски? Кај се наоѓа новиот спортски комплекс? До каде е основното училиште во Буковски ливади? Или прифатилиштето за бездомни животни? А, новата зграда на противпожарната служба?
Советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски да објасни од каде му се податоците за финансиската состојба на општината? Дали Ѓорѓиевски изврши увид во интерни документи на општината? Дали било кој советник може да тропне на врата кај Коњановски или во финансии и да добие информација колку пари има на сметка општината и колку должи и побарува?

Злоупотребата на функциите за партиски цели е заштитен знак на ДПМНЕ и не сме изненадени од дрското однесување на Ѓорѓиевски. А, не сме изненадени ниту од фактот што Ѓорѓиевски изнесе лажни податоци за финансиската состојба на Општина Битола. Потврдата ќе дојде многу брзо, кога во Советот на Општина Битола ќе стигнат ребалансот на буџетот и извештајот за вториот квартал.