КУЗЕСКА НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ : ЗАКОНОТ Е ЈАСЕН, НИКОЛОВСКИ НАМЕРНО СПИНУВА ЗА КОРИДОРИТЕ

0
329

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Сакам да ја потсетам јавноста дека Александар Николоски е посочен извор на лажни вести и од амбасади и е демантиран токму од истите, од меѓународни институции.

Она што сака да го прави Александар Николоски и во својот статус и ВМРО-ДПМНЕ преку своите изјави токму на оваа тема е спинување на Закон којшто е потполно јасен.

За да бидам прецизна ќе се повикам токму на Законот, за јавноста да нема дилеми.

Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163) што значи е достапен за јавноста.

Во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е токму ова е моментот каде Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси којшто може да ги користи тогаш може прцентот да биде повисок од 51%.

Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот.