КУЗЕСКА НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ : МИЦКОСКИ НЕ УЧЕСТВУВА ВО НИТУ ЕДНА ДРЖАВНА ОДЛУКА, ТРЕБА ДА ПОДНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ

0
410

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Дозволете ми да нотирам дека Христијан Мицкоски, деградира, навредува, омаловажува професори којшто ќе учествуваат во таа работна група.

Но јас би ја тргнала таа кривична одговорност која што е безпредметна значи токму кривичната одговорност за која што зборува Мицкоски е безпредметна и би скала да прашам кога конечно Христијан Мицкоски ќе понесе морална одговорност затоа што не учествува во ниту еден процес кој ја носи државата напред.

Не учествуваа и не аплаудираа и не го поздравија членството на земјата во НАТО. Гледавме како воопшто не гласаа за европскиот предлог со којшто ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ.

Сите тие стратешки цели којшто ги остваруваме денеска носат инвестиции којшто се највисоки капитални инвестиции од независноста до денес како што е последната од 205 милиони евра. Како најтазе пример ќе го земам 62% зголемен процентот на ИПАРД 3 програмата за неповратни средства од ЕУ итн. Бенефитите веќе и се чуствуваат.

Прашањето е кога Христијан Мицкоски пред да зборува за било каква одговорност ќе понесе тој морална одговорност што никако не учествува во реализација на стратешките цели којшто и се потребни на државата за напредок и на граѓаните којшто живеат во неа.

Ќе го дополнам претходниот одговор. Она што сега го прават ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е токму тоа паниката што ја имаат во своите редови. Се погласни се оние информации дека пратеници па и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат и се за уставните измени. Оттука потекнуваат сите овие манипулации за закани, за уцени, нешто што е својствено токму само за ВМРО-ДПМНЕ и сами видовте како ги тераа своите пратеници да потпишуваат нотарски изјави којшто исто беа правно доведени во прашање