ДИРЕКТОРОТ НА ПЛАТЕЖНА АГЕНЦИЈА, БАЧОВСКИ НА ТЕРЕН ГИ ПРОМОВИРА НОВИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ КАКО ШТО Е МЕРКАТА ПО 400 ДЕНАРИ ОД ПРЕДАДЕНО ЈАГНЕ ВО КЛАНИЧЕН КАПАЦИТЕТ

0
545

Денешното претпладне го поминавме на овчарската фарма на семејството Јовановски од село Теово, општина Чашка.

Земјоделството и сточарството се основни економски дејности на ова семејство кое чува над 1200 грла овци и обработува 20 ха земјоделско земјиште.

При теренската посета ги продискутиравме сите актуелни и идни мерки и огласи кои се дел од Националниот план за производство на храна.

Преку интервентниот фонд нашите домаќини но и сите одгледувачи на овци ќе добијат финансиска поддршка од 400 денари / предадено јагне во кланичен капацитет.

Со повиците од програмата за рурален развој, се отвора можност за аплицирање за финансиска поддршка за изградба на мандри и набавка на силоси, нешто за што се заинтересирани и Јовановски – за производство на вкусно овчо сирење и складирање на храната за овците.

Активен е и огласот за доделување на државно земјоделско земјиште за кој не информираа дека веќе се спрема апликацијата со крајна цел да се обезбеди дополнителни површини за производство на сточна храна.

Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Агенција за финансиска поддршка и рурален развој