КУЗЕСКА : КОРИДОРИТЕ СЕ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА СЕ ПРОТИВ СЕКОЈА СТРАЕШКА ОДЛУКА

0
370

Прес-конференција, Бог данка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес.

За прв пат како држава се поврзуваме и кон запад и исток, покрај досегашното поврзување на линија север – југ.

Од кружен тек, со изградбата на коридорите 8 и 10-д конечно да бидеме вистинска крстосница на Балканот.

Повеќе пристаништа ставаме на располагање за македонската економија, тоа за бизнисот и за државата е одлична можност за развој.

Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура.

Иако законските постапки за реализација на овој проект траат веќе 2 години, на почеток на реализацијата ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски започнаа хајка против стратешкиот проект.

Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партијата која што секогаш блокира и се противи на секоја важна, стратешка одлука на земјава.

Со невистини, лаги и извртување на факти ВМРО-ДПМНЕ и Левница водат хајка против изградба на коридорите и против американската компанија Бехтел.

Исто вака ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица се однесуваше и за Францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица вака се однесуваат и против Преспанскиот договор со којшто станевме членка на НАТО.

Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на криминал, корупција, провизии од автопати, и од криминалниот Скопје 2014.

СДСМ нема да и дозволи на оваа режимска партија во која 30 години ништо не е променето  да создаде нов хаос како со автопатот Охрид – Кичево.

Станува збор за стратешки проект од национален интерес и одговорно е да се донесе одлука да се направат автопатиштата побрзо и поевтино.