Како изгледаат новите Lumia телефони?

0
1024

Според неодамнешни гласини, Microsoft планира огромен настан во октомври, каде што ќе претстави дури 4 нови уреди…

На настанот ќе бидат претставени новиот Surface 4 таблет, Band 2 нараквицата и два нови Lumia паметни телефони, кои засега ги носат имињата Talkman и Cityman, иако се претпоставува дека финалните називи ќе бидат Lumia 940 и Lumia 950.

Доколку им веруваме на @evleaks, веќе имаме фотографии од двата модели и нивниот финален изглед.

Поголемиот телефон од двата, Lumia 950, ќе добие огромен 5,7 инчен екран на допир со QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели.

Телефонот ќе работи со octa-core Snapdragon 810 процесор, а ќе поседува и 3GB RAM, простор за складирање на податоци од 32GB, ретина скенер и алуминиумски копчиња.

Вториот модел, Lumia 940, ќе поседува помал 5,2 инчен екран, исто така со QuadHD резолуција. За перформансите ќе се погрижи новиот hexa-core Snapdragon 808 процесор, надополнето со 3GB RAM и простор за складирање на податоци од 32GB.

И двата уреди се очекува да добијат задна 20 мегапикселна PureView камера и предна 5 мегапикселна камера, како и Windows 10 Mobile.