КУЗЕСКА : ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРЕН ДЕН ВО ФЕР И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА

0
75

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Денеска имавме навистина демократски изборен ден.

Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.

Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.

Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.

Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.

Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.

А самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата.

Ги очекуваме изборните резултати. Уверени дека граѓаните и денеска и на 8-ми мај, ќе поддржат европска иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и горда членка на ЕУ.