АЈДЕЕЕЕ РЕД СЕ РЕДАТ МАЛЕЕЕЕ, И БОНЕВА СИЛВАНЕВА КАЈ КАТИЦА НА РАПОРТ : „Титаник“ кружи околу локалните избори во Струмица

0
1564

Од луѓе вклучени во истрагата за „Титаник“ на Специјалното обвинителство БИРНдознава дека специјалните обвинители се интересирале за акцијата со која структури на ВМРО-ДПМНЕ наводно ја оспориле победата на Зоран Заев во првиот круг на локалните избори во Струмица, иако тоа не им успеало целосно.

Ако се следи објавеното од „бомбите“ сѐ почнува со еден еуфоричен телефонски разговор, кој според СДСМ, е меѓу Јанкулоска и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Славе Гошев. Разговорот, според содржината, упатува дека се одвивал вечерта на 24 март 2013, по 19 часот, откако се затворени избирачките места по првиот изборен круг и откако почнале да се бројат гласовите.
Гошев рапортира дека нивниот кандидат за градоначалник, Васил Пишев, губи од Зоран Заев со 500 гласа разлика и предлага да направат инцидент за да има прегласување во трите избирачки места каде што сѐ уште не се избројани гласовите и каде што мнозинството гласачи се Роми.
Планот бил со прегласувањето да се намали цензусот и на тој начин да се осуети победата на Заев уште во првиот круг, a во вториот круг сите министри од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Струмица и да агитираат за Пишев.
„Шо да напраеме, ај кажувај“, се бара совет од Јанкулоска.

Во моментот гласачките места се затворени, маневарот е стеснет, меѓутоа, сепак, има предлог: „Не потпишувајте записници – приговори, нешто така, да се прегласа. Некое ливче нека снема!“, финишира разговорот.

Дел од она што го договараат гласовите на аудио снимката се остварува преку приговорите на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК поднесени од тогашниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, кој исто така е еден од осомничените во случајот „Титаник“.
Владејачката партија веднаш по првиот круг го обжалила гласањето во три избирачки меставо Струмица, меѓутоа вредни за опсервација се причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на гласањето.
Интересно е дека сугестијата „некое ливче нека снема“ се остварила во буквална смисла, односно ВМРО-ДПМНЕ барало да се поништи гласањето на избирачкото место 1.727, бидејќи во гласачките кутии имало токму – едно ливче помалку од бројот на лицата што гласале.
Ваквиот инцидент, да има помалку ливчиња отколку луѓе што гласале, не е предвиден со Изборниот законик и тој ја санкционира само спротивната ситуација, кога има повеќе ливчиња во кутијата отколку луѓе што гласале. И покрај тоа, ДИК го прифатила овој приговор на ВМРО-ДПМНЕ и имало прегласување на ова место.
Повеќе од текстот на БИРН на следниот линк ОВДЕ.