РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ОВОЗМОЖУВА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ГРЦИЈА ВО ЕКОНОМСКИ И ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ: МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ ГО ПРЕЧЕКА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ДЕНДИЈАС ВО СКОПЈЕ

0
755

“Шефот на дипломатијата на Грција, Никос Дендијас кон крајот на месецов доаѓа во посета на Северна Македонија, при што ќе се направи евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, а ќе се разговара и за поддршката на Атина за нашата евроинтеграција” – објави денес министерот за надворешни работи Бујар Османи.

“Сметам дека е важна посета, повратна после мојата во Атина и зборува за интензитетот на комуникацијата на високо ниво што е одраз на добрите билатерални односи меѓу нашите држави кои што се и повеќе од само имплементирање на Преспански договор, бидејќи Преспанскиот договор предвиде создавање на стратешко партнерство меѓу нашите две држави и ние тоа во континуитет го градиме и го подобруваме и во политичкиот и во економскиот контекст” – рече министерот Османи.

Во МНР е формирана работна група за следење на имплементацијата на Преспанскиот договор на неделна основа.

“Тоа не се само обврски од членот 8 кои произлегуваат во промена на ознаките, таблите итн., туку и во делот на Комисијата за заштита на трговските марки што е многу важно прашање, бидејќи колку побрзо ќе се реши прашањето за трговските марки толку ќе бидеме можеби во подобра позиција во однос на заштитата на трговски марки или пак во однос на Комисијата за образовни прашања. И четвртиот дел е секторската соработка која исто е предвидена во рамки на Преспанскиот договор” – рече министерот Османи.