КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ОТВОРА КОНЗУЛАТ ВО СКОПЈЕ, ЖИВКО МУКАЕТОВ НАЗНАЧЕН ЗА КОНЗУЛ

0
1001

Конзулатот на Кралството Норвешка во Скопје денеска официјално ќе отпочне со работа.

На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро Дахле, заменик директорот во секторот за ЈИЕ при МНР на Норвешка, Јохан Лоов, како и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка во Белград, Стефан Алмехаген Сандстад.

За конзул на Кралството Норвешка во Скопје е назначен Живко Мукаетов, кој исто така функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години.