МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И ЧЕЛЗИ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА МЕЈСОН МАУНТ, СРЕДНИОТ ИГРАЧ ДОАЃА НА ОЛД ТРАФОРД ЗА 55 МИЛИОНИ ФУНТИ СО ВКЛУЧЕНИ 5 МИЛИОНИ ВО БОНУСИ И ВКУПНА СУМА ОД 60 МИЛИОНИ ФУНТИ!

0
580

Манчестер Јунајтед се уште има во план да го обезбеди потписот на Мејсон Маунт од Челси, но досега им беа одбиени три понуди.

Последната беше тешка 55 милиони фунти, а Челси и тоа го одби, со намера дека Јунајтед ќе понуди повеќе. Тоа веројатно е црвената линија на „ѓаволите“, па откако неколку денови Јунајтед е тивок по прашање на Маунт, сега Челси презел контра офанзива, односно иницијатива.

Според медиумите во Манчестер, сега Челси е тој кој инсистира на договор за Маунт, бидејки фудбалерот влегува во последната година од својот договор со „сините“.

Сега Челси наводно доставил контра понуда до Јунајтед, односно барање од 58 милиони фунти, плус 7 милиони фунти во разни бонуси.

Јунајтед не делува дека ќе сака да ја плати бараната сума, па останува следните денови да се види дали Маунт ќе заврши во редовите на клубот од Олд Трафорд.