КАКОВ МАНИПУЛАНТ – ЖЕНАВА СЕ ПРЕСТАВУВА КАКО ЛИДЕРКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ А ВО ИСТО ВРЕМЕ Е ПРОТИВ ГРАДЕЊЕ ВО СКОПЈЕ И ПРОТИВ ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ?!?!

0
1040

Данела Арсовска, интервју во Женски Магазин пред неколку дена за градењето во Скопје:

Скопје како град на животот, имаше своја посебна магија. Но, оваа магија денес ја нема. Наместо модернизација, повеќе зеленило, брз и ефикасен јавен сообраќај, ние во изминатите 4 години гледаме масовна бетонизација. Ставија бетон насекаде, го уништија зеленилото, без размислување. Во исто време, нема грижа за парковите, игралиштата, јавната инфраструктура, го ставија нашиот некогаш жив и прекрасен град во сива зона. За жал, тоа е лицето на нашето Скопје денес.

Данела Арсовска изјава пред една година за иницијативата ОТВОРЕН БАЛКАН кој беше дочекан со воодушевување од поголемата Стопанска Комора која ја води Бранко Азески:

Како да не ни беше доволно тоа што сме сегрегирани во гетото Западен Балкан, сега во уште помал формат ќе се изолираме во „мал Шенген“ со некаква илузија дека така економски ќе процветаме. Поретрограден став од овој одамна не е понуден – „мал Шенген“ за Србија, Македонија и Албанија е идеја која треба да згасне уште пред да се роди.

Што можеме да заклучиме од овие две изјави? Прво дека женава е голем манипулант и лаже без око да и трепне. Во Скопје изминативе 4 години многу малку се гради поради мораториумите во Центар и Карпош за што се жалат градежниците кои имаат драстичен пад во својата економска активност како сектор.

Второ таа наместо да повика тие мотаториуми да не се повторат, она најавува нови, како се преставува дека доаѓа од бизнис секторот?!?! Како да не и е јасно дека во градежништвото се поврзани над 30 индустриски гранки од мебел до гражни материјали и бела техника итн итн и дека со градежништвото се вработуваат над 50 000 луѓе во земјава?!?!

Трето, да бидеш против иницијатива за отворени граници и камионите да не чекаат на граница со часови додека да излезат кон Европа, треба да си дрво за економија, треба да си тотален аналфабет и никад да не си се бавел со бизнис?!?!?! Иницијативата на Вучиќ за отворен балкан во која се вклучија Србија, Македонија и Албанија а се очекува да се вклучат Косово, Црна Гора и Босна е прекрасна идеја додека чекаме за 10 години да влеземе во ЕУ… Идеја која нашите бизнисмени ја прифатија со воодушевување ако се знае дека Србија е најголем трговски партнер на Северна Македонија со размена од неколку милијарди евра годишно…