ДПМНЕ ја свитка кичмата, му ја исполни желбата на Али Ахмети: Пратениците на Грујо ги изгласаа новите министри и заменици на индијанците од ДУИ

0
947

Пратениците во Собранието ги изгласаа новите министри и заменици министри од Демократската унија за интеграција (ДУИ). За новите 11 функционери не гласаа пратениците од СДСМ, а пратеничката Роза Топузовска-Каревска гласаше воздржано, пренесува „Мета“.

Новите функционери на ДУИ ги претстави пратеничката Ермира Мехмети, која рече дека е горда на новиот кадар и дека тоа било најдоброто од Албанците во Македонија.

Според пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој изјави дека опозициската пратеничка група нема да ги поддржи овие министри, ДУИ се однесува како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Мала Речица.

– Ова е добро извежбана шема на две криминални банди – ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ изминативе години беше нем сведок во партизирањето на Македонија. Знаете како викаат во правото, кривично дело може да се стори со сторување, но и со несторување. Ако ништо друго, во последнава година и половина ДУИ можеше да повика на одговорност за сè што е направено во Македонија. Велите дека сте проевропска партија и сакате европска иднина за Македонија, но со што го докажувате тоа. Не можете со тоа што ќе смените неколку лица вмешани во криминал да кажете дека сте чисти – рече Шилегов.

Обраќајќи му се на техничкиот премиер Емил Димитриев, Шилегов праша зошто тој во последен момент ја сменил одлуката и наместо девет, препорачал 11 функционери.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вели дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат стабилна соработка. Тој ги повика сите политички партии да учествуваат на изборите, а СДСМ да се огради од објавувањето на снимките со приватни разговори.

Извор: Мета