(ВИДЕО) Ден Дончев за 360 степени: Снимките за Македонска банка не се сечени, лепени и монтирани!

0
1523

ден

Во последното издание  на емисијата „360 степени“ од петок 4.12.2015 г. гостуваше Ден Дончев, поранешен близок соработник на Никола Груевски од позицијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Дончев, кој штотуку пристигна во Македонија од Австралија, каде живее и работи, во емисијата се зборува за случајот со продажбата на „Македонска банка“, кој беше практично првата т.н. „бомба“. Во пресрет на ланските парламентарни избори лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави серија телефонски разговори во кои Груевски, како лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во 2003 и 2004 година договара продажба на „Македонска банка“ со контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини и исплата на 1,5 милиони евра во кеш. На снимките е и гласот на посредникот во зделката Ден Дончев. Подоцна Груевски го тужеше Заев за клевета и го доби процесот, но истрага за случајот не беше отворена. Со Дончев, кој е и поранешен генерален директор на Македонски телеком, во емисијата се зборува и за овој случај по сведочењето на Слободан Богоевски пред њујоршкиот суд.

Во „360 степени“ можете да ги чуете и ставовите на европратеникот од Хрватска Тонино Пицула, кој е поранешен хрватски министер за надворешни работи.