КОСТОВСКИ : „ВО ВМРО-ДПМНЕ СЕ НЕРВОЗНИ, ОСТАНАА БЕЗ КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ ВО СОБРАНИЕТО“

0
557

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски денеска од собраниската говорница му честиташе на ВМРО-ДПМНЕ за „губењето на коалициските партнери“.
„Останаа сами, станаа нервозни, првин замина Стевче Јакимовски, па Данела Арсовска, па Алијанса за Албанците, затоа се нервозни“, рече Костовски, додавајќи дека 13.02.2023 година е нов пораз на Мицкоски, кој „нема зголемено парламентарно мнозинство, нема парламентарни избори.

Костовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно, мислејќи дека го има целото време на располагање на овој народ.„Македонија, нашите граѓани немаат време за губење. Државата мора храбро и одлучно да оди напред. Денеска може да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, за економски политики за интеграција во ЕУ. Вистината е јасна, добрите политики, резултатот на СДСМ е најголемиот пораз за ВМРО-ДПМНЕ, порача Костовски од собраниската говорница.