БРНАБИЌ : КУРТИ НЕКА ЗБОРУВА ШТО САКА, ЗСО МОРА ДА СЕ ФОРМИРА

0
387

Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина, но дека Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД. Одговарајќи на новинарско прашање дали Србија е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина и кога тоа ќе се случи, премиерката во Дубаи, каде што учествува на самитот на светски влади, рече дека Србија покажала колку е подготвена за дијалог, колку е толерантна и флексибилна за одржување на стабилноста.

„Во овој момент ЗСО е на маса. Навистина дојде време, а тоа беше можеби пред пет години, за спроведување на Бриселскиот договор и формирањето на ЗСО, а во април ќе бидат 10 години. Сакам да им се заблагодарам на нашите партнери на Запад за тоа што инсистираат да се формира ЗСО на начинот на кој потпишавме во 2013 и 2015 година, и како што разговаравме на крајот на 2022 година. Се чини дека овој пат сме со ист став “, рече Брнабиќ.

Според неа, „без разлика што вели Албин Курти, знаеме што е потпишано и што мора да се спроведе“. Косовскиот премиер Албин Курти денеска во своето обраќање пред пратениците рече и дека Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) не може да се формира доколку не се почитуваат шесте принципи што ги изнесе на претходната седница на косовскиот Парламент.
Тој истакна дека е прифатен француско-германскиот предлог, бидејќи во спротивно Косово ќе влезе во конфронтација со сојузниците.