АПАСИЕВ ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАСТАРУВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА : ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГЛАСАА ЗА ОВОЈ ПРЕДЛОГ ЗАКОН СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА КРИМИНАЛОТ НА САШО МИЈАЛКОВ И НИВНИТЕ КРИМИНАЛНИ ПАЈТАШИ!

0
536

ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА ДУПЛИРАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАСТАРЕНОСТ, ОТИ ВО ЗАТВОРИТЕ СЕ ЛЕЖИ САМО ЗА УКРАДЕНИ ЌЕБАПИ

✅️Говор на пратеникот Димитар Апасиев за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот закон, поднесен од пратениците на #Левица. На денешната собраниска седница, Собранието ја УСВОИ потребата од носењето на овој Предлог-закон во скратена постапка, како прва фаза од собраниската процедура.
Напоменуваме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за овој предлог закон, со цел заштита на криминалот на Сашо Мијалков и нивните мафијашки пајташи!

🔻„Станува збор за една манипулација на која сме сведоци при гонењето на случаите од висока корупција, кои еден по еден застаруваат. Тоа е така бидејќи имаме спрега на МАФИЈАТА со поткупливите судии! Со цел тоа да се оневозможи во иднина, го предлагаме овој закон, каде застареноста се злоупотребува и криминалците се на слобода, додека во затвор лежат луѓе само за ќебапи.

❌️Наместо застареноста како институт да ги мотивира органите на прогонот да бидат поефикасни, имаме спротивен случај – односно ги мотивира да ги чуваат случаите во фиока со цел застарните рокови да поминат. Целта на овој Предлог-закон е да се ДУПЛИРА рокот на застареност и тој се однесува на двата типа на застареност: и за кривичното гонење и за извршувањето на казната.

✅️Суштинската промена која ја воведуваме е во апсолутната застареност – каде ние предлагаме за ТРИ пати да се зголеми рокот за застареност, затоа што најголемите корупциски случаи застаруваат по овој основ.

✅️НЕЗАСТАРЛИВОСТА на кривични дела со овој Предлог-закон ја прошируваме со уште четири глави: Kривични дела против имотот, Kривични дела против јавните финансии, Kривични дела против државата и Kривични дела против службената положба и овластување – со цел да не можат функционерите да бидат фактички амнестирани”

#ЛевицаОдПарламент