КОСТАДИНОВ : СО СРЕЌА НЕКА НИ СЕ ПРВИТЕ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СТРУМИЦА

0
356

Набавени се 20 вакви контејнери за мешан комунален отпад со капацитет од 5 метри кубни. Еден ваков контејнер заменува 5 метални стандардни контејнери со капацитет од 1 метар кубен, какви што имавме досега и ќе имаме уште додека не ги замениме.
Полуподземните контејнери ќе бидат поставени на 20 локации во градот, почетно во централното градско подрачје и потоа на периферните делови на градот. Наредната година ќе набавиме дополнителни 20 со што поголем дел од градот ќе биде покриен, а размислуваме и за населените места.Во процес на јавна набавка е и специјализираното возило, со што правиме уште еден чекор напред во заштита на животната средина.

Од срце за чиста Струмица.